ДЕАШ постојано ги губи териториите кои се под нивна контрола

Освојувањето на седиштето на терористичката организација ДЕАШ во сирискиот град Рака, ќе биде многу потешка мисија

655014
ДЕАШ постојано ги губи териториите кои се под нивна контрола

Минатата година терористичката организација ДЕАШ изгуби една четвртина од териториите во Ирак кои се наоѓаа под нивна контрола.

Според веста на мисијата на турски јазик на БиБиСи, податоците кои ги објави анкетната компанија „IHS Markit“, под контрола на терористичката организација која во последно време изгуби 18 илјади квадратни километри територии, денес и остана само една област од 60 илјади квадратни километри.

Само една година пред тоа ДЕАШ имаше изгубено 14 насто од териториите кои се наоѓаа под нејзина контрола. Според наведените податоци, во 2016 година се интензивира назадувањето на ДЕАШ.

Компанија „IHS Markit“ за операцијата на ирачката армија на Мосул која ја започна на 17 октомври своите претпоставки ги изнесе неколку месеци пред операцијата и според предвидувањата, освојувањето на седиштето на терористичката организација ДЕАШ во сирискиот град Рака, ќе биде многу потешка мисија.

Според аналитичарот на „IHS Markit“ Колумб Страк, загубите на терористичката организација нанесоа тежок удар врз целите на организацијата.

Страк претпоставува дека во првата половина на оваа година, контролата над Мосул ќе се преземе од ДЕАШ.



Слични вести