Остри критики од „Амнести Интернешнл“ против методите на борба против тероризмот во земјите на ЕУ

Во извештајот на Меѓународната организација за човекови права „Амнести Интернешнл“се привлекува внимание дека мерките на борба против тероризмот во земјите на ЕУ се непропорционални и дискриминаторски

653972
Остри критики од „Амнести Интернешнл“ против методите на борба против тероризмот во земјите на ЕУ

Во еден извештај објавен од страна на Меѓународната организација за човекови права „Амнести Интернешнл“ беа упатени остри критики против методите на борба против тероризмот кои што се применуваат во земјите на ЕУ.

Во извештајот се привлекува внимание дека мерките на борба против тероризмот во земјите на ЕУ се непропорционални и дискриминаторски.

Во извештајот се подвлекува дека безбедносните политики во земјите на ЕУ се опасни и непропорционални и се вели следното: „Итно преземените мерки по реализираните терористички напади во Франција и Германија во 2016 година имаат непропорционален и дискриминаторски карактер.“

Во истиот извештај се нагласува дека мерките кои што се преземаат во борбата против тероризмот им наштетува на фундаменталните слободи.

Се критикува продолжувањето на вонредната состојба во Франција и се потсетува дека со оваа примена се поставени на дневен ред мерки како што се извршување претрес во домовите без да постои судска одлука за тоа и забранување на протестите.

Во извештајот се наведува дека законите за борба против тероризмот на земјите одат кон самоволна примена со која што се поставуваат на мета и бранителите на човековите права и како пример за оваа состојба беше изнесен домашниот притвор кој што им беше изречен на екологистите за време на Конференцијата на ОН за климатски промени во Париз во Франција. 

Како друг пример внесен во извештајот беше и тоа што француските судови во 2015 година осудија 385 лица поради извршено кривично дело „фалење на тероризмот“.

Меѓународната организација за човекови права „Амнести Интернешнл“ и во својот извештај објавен во ноември остро ја критикуваше политиката на земјите на ЕУ кон мигрантите.

Во овој извешатј беше истакнато дека мигрантската политика во Европа повеќе од заштита на мигрантите и бегалците е со цел контрола на миграцијата.



Слични вести