Источниот дел на Мосул целосно ослободен од терористичката организација ДАЕШ

Лидерот на ирачките Сили за борбата против тероризмот  Талип Шигати објави писмено соопштение во кое истакна дека источниот дел на Мосул (источно од реката Тигар) е во потполност вратен од ДАЕШ

654422
Источниот дел на Мосул целосно ослободен од терористичката организација ДАЕШ

Источниот дел на ирачкиот град Мосул целосно е ослободен од терористичката организација ДАЕШ.

Лидерот на ирачките Сили за борбата против тероризмот  Талип Шигати објави писмено соопштение во кое истакна дека источниот дел на Мосул (источно од реката Тигар) е во потполност вратен од ДАЕШ.

Шигати напомена дека за време на операциите се води грижа за одбрана на човековите права и дека се планира операција за спасување од ДАЕШ и на западниот дел на Мосул.

На ист начин и ирачкиот премиер Хајдар ел Ибади на конференцијата за претставниците на печатот што ја одржа вчера рече дека водат активности за ослободување и на западниот дел на Мосул.

Ирачките армиски единици, силите Пешмерги и гардистите Ниневија од кои мнозинството го сочинуваат борци обучени од страна на турските војници во кампот Башика на 17 октомври започнаа операција за спасување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ.



Слични вести