Иран не сака САД да учествува на состанок во Астана

Џевад Зариф рече дека се против учеството на Вашингтон на преговарачката маса

653968
Иран не сака САД да учествува на состанок во Астана

Иран не сака САД да учествува на претстојниот состанок во Астана посветен на Сирија, кој се планира да се одржи на 23 јануари.

Официјален Техеран соопшти дека е против поканата на Русија на состанокот да учествува и САД.

Иранскиот министер за надворешни работи Џевад Зариф рече дека се против учеството на Вашингтон на преговарачката маса.

Ние не ги поканивме и Иран е против нивното учество, рече Зариф и подвлече дека разговорите кои ќе се одржат под покровителство на Русија и Турција, особено по примирјето кое беше постигнато на 30 декември, претставува втор чекор на мировниот пат.

На разговорите се предвидува да се постигне компромис меѓу силите на Асад и опозицијата.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во вчерашната изјава за печатот упати повик до САД да учествуваат на преговорите во Астана и дека првите контакти со раководството на новоизбраниот претседател Трамп би можеле да ги остварат Казахстан.

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу рече дека Турција споделува заедничко мислење со Русија околу учеството на САД на состанокот во Астана.



Слични вести