Форум во ОН на тема „Борбата против антимуслиманството, дискриминацијата и омразата“

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес привлече внимание на омразата против муслиманите, антисемитизмот, непријателството кон странците и расизмот за кои што рече дека се во подем во светот

654003
Форум во ОН на тема „Борбата против антимуслиманството, дискриминацијата и омразата“

Во ОН во заедничка организација на САД, Канада, Организацијата за исламска соработка (ОИС) и ЕУ се одржа форум на тема „Борбата против антимуслиманството, дискриминацијата и омразата“.

На форумот со испратена видео-порака од Швајцарија учествуваше и генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес кој го нагласи значењето на толеранцијата, меѓусебното разбирање и почитта кон различните погледи и верувања.

Гутерес привлече внимание на омразата против муслиманите, антисемитизмот, непријателството кон странците и расизмот кои што се во подем во светот.

Велејќи дека дискриминацијата им наштетува на сите општества, Гутерес истакна дека треба да се води заедничка борба против злонамерните активности со кои што се водат обиди за предизвикување поделби меѓу општествата и маргинализирање на своите соседи, односно нивно доведување во состојба на „другиот“.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес нагласи дека омразата против муслиманите, антисемитизмот, непријателството кон странците и расизмот кои што се во подем во светот и додаде дека голем број лица се жртва на нетолеранцијата и сомневањето.

Специјалниот претставник на ЕУ за човекови права Ставрос Ламбринидис во својот говор подвлече дека постепено се зголемува бранот на дискриминација и насилство против муслиманите и исламот. 

Привлекувајќи внимание дека особено муслиманските мигранти и бегалци се оценуваат за потенцијални сторители на кривични дела, Ламбринидис рече: „Нивната единствена вина е таа што се родени во земји во кои се води војна или во области каде што владеат немаштија и сиромаштија.“

 



Слични вести