Џон Дориан: Коалицијата против ДАЕШ почна со извидувачки летови и воздушни напади кај Ел Баб

Портпаролот на коалицијата против ДАЕШ под водство на САД полковник Џон Дориан истакна дека коалицијата против ДАЕШ за поддршка на Турција почна да реализира извидувачки летови и воздушни напади во близина на градот Ел Баб во Сирија

653891
Џон Дориан: Коалицијата против ДАЕШ почна со извидувачки летови и воздушни напади кај Ел Баб

Портпаролот на коалицијата против ДАЕШ под водство на САД полковник Џон Дориан преку телеконференција од ирачкиот главен град Багдад одговараше на прашањата на новинарите во американскиот секретаријат за одбрана Пенгатон во врска со операциите кои што се реализираат против терористичката организација ДАЕШ во Ирак и Сирија.

Американскиот полковник Џон Дориан истакна дека коалицијата за поддршка на Турција почна да реализира извидувачки летови и воздушни напади во близина на градот Ел Баб во Сирија.

Велејќи дека коалицијата ги продолжува активностите за дневна координација и разговорите со Турција во Сирија, Дориан рече: „Во последно време реализиравме низа извидувачки летови со цел поддршка на Турција и на силите кои што ги поддржува во близина на градот Ел Баб.

Портпаролот на коалицијата против ДАЕШ под водство на САД полковник Џон Дориан напомена дека коалицијата ќе продолжи да работи заедно на колку што е можно фронта со Турција против ДАЕШ и турските и американските воени функционери да воспоставуваат координација од заеднички центри.



Слични вести