Антонио Тајани, нов претседател на Европскиот парламент

За нов претседател на Европскиот парламент на изборите кои што траеја четири круга со освоени 351 глас е избран италијанскиот парламентарец кандидат на Европската народна партија (ЕПП) Антонио Тајани

653663
Антонио Тајани, нов претседател на Европскиот парламент

За нов претседател на Европскиот парламент (ЕП) избран кандидатот на Европската народна партија (ЕПП) на демо-христијаните Италијанецот Антонио Тајани.

На изборите кои што се одржаа во Генералното собрание на Европскиот парламент во францускиот град Стразбур за нов претседател на Европарламентот кои што траеја четири круга со освоени 351 глас е избран италијанскиот парламентарец Антонио Тајани. 

Тајани во говорот што го одржа по соопштувањето на резултатот од изборите се заблагодари за изборот и истакна дека оваа своја победа им ја посветува на жртвите во минатогодишниот земјотрес во Италија, а исто така упати и повик за единство и соработка. 

Антонио Тајани на конференцијата за претставниците на печатот што ја приреди по изборот за нов претседател на Европскиот парламент подвлече дека во Европа постои потреба од солидарност и единство. 

Во говорот што го одржа пред да се премине на гласање пак Тајани истакна дека Европа треба да се промени и рече: „Претседателот на Европскиот парламент треба да биде близок и отворен за дијалог со секого. Јас верувам во идејата за Европска унија. Јас ќе станам претседател на парламент, а не премиер. Мораме да бидеме поблиску до народот. Не треба да живееме затворени во кули од слонова коска.“

Новиот претседател на Европскиот парламент (ЕП) Антонио Тајани го подвлече и тоа дека Велика Британија во иднина ќе биде значаен партнер за ЕУ.



Слични вести