Жолтата треска одзеде 47 животи во Бразил

Откако се зголеми заканата од жолта треска во Бразил е прогласена 180 дневна итна состојба, а во меѓувреме интензивно продолжуваат и работите за лекување на 152 лица за кои е поставена дијагноза за заболеност од оваа болест

653081
Жолтата треска одзеде 47 животи во Бразил

Бројот на лицата кои починаа од жолта треска во федералната држава Минас Гераис во јужноамериканската држава Бразил се зголеми на 47 лица.

Откако се зголеми заканата од жолта треска во Бразил е прогласена 180 дневна итна состојба.

Во меѓувреме интензивно продолжуваат и работите за лекување на 152 лица за кои е поставена дијагноза за заболеност од жолта треска.

Во рамките на болеста се преземаат дополнителни иницијативи за лекување и вакцина во здравствените центри и болниците.

Поради тоа што преносители на вирусот на жолта треска се комарци се започнати активности за исушување на мочуриштата.

Министерството за здравство на Бразил привлекува внимание дека постои ризик од проширување на болеста поради што минатата недела прогласи итна состојба во 150 градови во земјата.

Болеста жолта треска чии симптоми се главоболка, болки на мускулите, гадење, повраќање, висока температура, треска и замор се дефинира како акутно инфективна болест со висока температура и доколку не биде брзо излечена за една недела би можела да стане причина за смрт.

Оваа болест се пренесува на луѓе од комарци и главниот преносител на вирусот на оваа болест е проширен кај мајмуните.



Слични вести