Во вооружен напад на полициски контролен пункт во Египет загинаа најмалку 8 полицајци

Портпаролот на министерството за здравство Халид Муџахид истакна дека во нападот загинале 8 полицајци, а тројца полицајци биле ранети

652716
Во вооружен напад на полициски контролен пункт во Египет загинаа најмалку 8 полицајци

Во реализиран напад на еден полициски контролен пункт во близина на градот Вади ел-Џедид на југот на Египет загинаа најмалку 8 полицајци, а тројца полицајци се ранети.

Според добиени инфромации од извори од египетската полиција група засега неидентификувани вооружени лица поставиле заседа пред еден полициски контролен пункт во близина на границата помеѓу градовите Асјут и Вади ел-Џедид на југот на земјата.

Портпаролот на министерството за здравство Халид Муџахид истакна дека во нападот загинале 8 полицајци, а тројца полицајци биле ранети.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.



Слични вести