Привршуваат подготвките за церемонијата на инаугурацијата на Доналд Трамп

На церемонијата на инаугурацијата што ќе се одржи во главниот град Вашингтон досегашниот 44-ти американски претседател Барак Обама ќе му ја предаде должноста на новиот претседател Доналд Трамп

653439
Привршуваат подготвките за церемонијата на инаугурацијата на Доналд Трамп

Новоизбраниот американски претседател на одржаните претседателските избори на 8 ноември Доналд Трамп со церемонијата на полагање заклетва што ќе се одржи на 20 јануари во петок и официјално ќе стапи на должност.

На церемонијата на инаугурацијата што ќе се одржи во главниот град Вашингтон досегашниот 44-ти американски претседател Барак Обама ќе му ја предаде должноста на новиот претседател Доналд Трамп.

На церемонијата на која ќе учествуваат претставници од голем број земји Турција ќе ја претставува министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Чавушоглу истакна дека ќе замине за САД каде што ќе учествува на церемонијата на полагање заклетва на новиот претседател Доналд Трамп.

Инаугурацијата ќе започне со церемонија на полагање заклетва пред зградата на Конгресот, а ќе заврши со доаѓање на протоколот од улицата Пенсилванија до Белата куќа.

За церемонијата на примо-предавање на должноста се очекува да бидат потрошени 200 милиони долари и ќе стане причина на 20 јануари во петок речиси да замре животот во главниот град Вашингтон.

Тој ден кога нема да биде дозволено да влегуваат цивилни моторни возила во еден широк простор исто така во областите помеѓу Конгресот и Белата куќа нема да работи и јавниот превоз како што се метро линиите и автобусите.  

Целата американска јавност со голема заинтересираност чека која ќе биде првата работа што ќе ја направи Доналд Трамп првиот ден откако ќе седне на претседателската фотелја.



Слични вести