Предупредување од ЕУ до Велика Британија по прашањето на постигнување трговски договор со САД

Пред соопштувањето на стратегијата на Тереза Меј за излез на нејзината земја од ЕУ, од Брисел пристигна предупредување дека Велика Британија не може да преговара со САД за слободна трговија без претходно да излезе од ЕУ

653224
Предупредување од ЕУ до Велика Британија по прашањето на постигнување трговски договор со САД

Велика Британија е фокусирана на 20 јануари, петок кога премиерката Тереза Меј ќе ја соопшти стратегијата за излез од ЕУ.

Од ЕУ пак пред соопштувањето на оваа стратегија пристигна предупредување дека Велика Британија не може да преговара со САД за постигнување договор за слободна трговија без претходно да излезе од ЕУ.

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини потсети дека и покрај донесената одлука на одржаниот референдум пред 7 месеци за излез од Унијата Велика Британија сеуште е членка на ЕУ.

Могерини нагласи дека земјите членки на ЕУ самите не можат да постигнуваат трговски договори со трети земји.

Велејќи „Договорите предвидуваат земјата членка до последниот ден да не може да стори такво нешто“, Могерини подвлече дека оваа состојба важи за секого.

Инаку, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп кој ќе ја преземе должноста на 20 јануари во петокот, претходно упати пофалби на одлуката на Велика Британија за излез од ЕУ и дека што поскоро посакуваат да постигнат одделен трговски договор со Велика Британија.

 



Слични вести