Утре во Давос почнува годинашниот Светскиот економски форум

На годинашниот самит во Давос чија тема гласи „Лидерство кое одговара и лидерство кое е одговорно“ ќе се дискутира за голем број проблеми вклучувајќи ги и судирите во светот на чело со кризата во Сирија

652399
Утре во Давос почнува годинашниот Светскиот економски форум

Утре во швајцарското градче Давос почнува годинашниот традиционален состанок на Светскиот економски форум со учество на приближно 3000 политичари и лидери од деловниот свет од над 100 земји.

На форумот што ќе се одржи од 17 до 20 јануари Турција ќе ја претставуваат потпретседателот на владата Мехмет Шимшек и министерот за економија Нихат Зејбекчи.

На годинашниот самит во Давос чија тема гласи „Лидерство кое одговара и лидерство кое е одговорно“ ќе се дискутира за голем број проблеми вклучувајќи ги и судирите во светот на чело со кризата во Сирија.

Самитот оваа година ќе се фокусира на прашања како што се зајакнување на глобалната соработка, заживување на економскиот раст, реформа на капитализмот и подготвување за четвртата индустриска револуција.

Светскиот економски форум за оваа година 86 лица ги прогласи за Млади глобални лидери.

Меѓу овие млади глобални лидери се наоѓаат и двајца од Турција и тоа партнерката на МекКинсеј Бенги Коркмаз и основачката и извршна директорка на Трендјол Демет Мутлу.

 



Слични вести