Песков: Не е испратена покана за екипата на Трамп за учество на преговорите во Астана

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков истакна дека не е испратена покана за екипата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за сириските преговори кои што се испланирани за главниот град на Казахстан, Астана

652547
Песков: Не е испратена покана за екипата на Трамп за учество на преговорите во Астана

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави за рускиот печат дека не е испратена покана за екипата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп за сириските преговори кои што се испланирани за главниот град на Казахстан, Астана.

Песков рече: „Продолжуваат разговорите за преговорите во Астана. Ова е тежок процес. Не треба да се заборави дека Астана не е алтернатива за другите платформи како што е Женева, туку е нивен составен дел. Во оваа фаза тоа е се што би можел да го кажам.“

На прашањето во однос на тоа дали за преговорите во Астана се поканети претставниците на Трамп, Песков одговори „Не.“ 

Освен тоа Дмитриј Песков напомена дека не се вистинити вестите околу тоа оти новоизбраниот американски претседател Трамп неколку недели по церемонијата на полагање заклетва ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин во главниот град на Исланд, Рејкјавик.

Велејќи дека Кремљ не комуницира со екипата на Трамп, Дмитриј Песков рече: „Сите вести во однос на тоа дека Путин и Трамп се договориле за средба се невистинити. Не се прават такви подготовки.“

Песков додаде дека Русија не води било каква средба со САД од видот на намалување на нуклеарното наоружување за возврат на укинувањето на санкциите.



Слични вести