ДАЕШ ги ослободи 320-те Ирачани кои ги киднапира минатиот месец и ги однесе во Сирија

Полковник Велид ед-Дилејми од Командата за операции во Анбар истакна дека терористичката организација ДАЕШ 320-те Ирачани меѓу кои се наоѓаат и војници и службеници од населеното место Ел-Каим, ги ослободила на сириско-ирачката граница

651825
ДАЕШ ги ослободи 320-те Ирачани кои ги киднапира минатиот месец и ги однесе во Сирија

Терористичката организација ДАЕШ ослободи 320 Ирачани кои ги киднапира минатиот месец и потоа ги однесе во Сирија.

Полковник Велид ед-Дилејми од Командата за операции во Анбар истакна дека терористичката организација ДАЕШ 320-те Ирачани меѓу кои се наоѓаат и војници и службеници од населеното место Ел-Каим ги ослободила на сириско-ирачката граница.

Дилејми напомена дека ДАЕШ поради тоа што им обезбедиле информации на ирачките сили во врска со местата на штабовите во Анбар овие лица ги киднапира минатиот месец и потоа ги однесе во Сирија.



Слични вести