Потонал брод со мигранти во Средоземното море

Над стотина мигранти се удавиле во Средоземното море кога брод натоварен со мигранти се превртел и потонал

651574
Потонал брод со мигранти во Средоземното море

Над стотина мигранти се удавиле во Средоземното море кога брод натоварен со мигранти се превртел и потонал,јави италијанската новинска агенција АНСА.

Бодот се превртел на околу 30 морски миљи од либискиот брег.

Како што подиоцна изјавиле 4 спасени мигранти во бродот имало точно 107 мигранти.

И покрај лошите временски услови потрагата по можните преживеани продолжува,додава новинската агенција.

Команадата на крајбрежната стража на Италија во Рим соопшти дека до местото на несреќата веднаш по веста отпловиле екипи на Фронтекс, и трговски бродови.

 

 



Слични вести