Силниот ветер во Франција предизвика прекин на електрична енергија

237 000 домови во Франција останаа без електрична енергија како последица на силниот ветер кој дува со јачина од 146 километри на час

651072
Силниот ветер во Франција предизвика прекин на електрична енергија

 

237 000 домови во Франција останаа без електрична енергија како последица на силниот ветер кој дува со јачина од 146 километри на час.

Силниот ветер повеќе се чувствува во северните предели на Франција каде 46 лица биле повредени.

Околу 1000 лица биле евакуирани од нивните домови а службата за итна помош била повикана 4 452 пати и тоа само вчера и во текот на денешниот ден.

Силната бура која на места дува со јачина од околу 150 километри предизвика застои во железничкиот сообраќај во Франција.

Железничкиот сообраќај на релација Амиен-Арас во северот на Франција била прекината поради блокирање на пругата од  дрво кое паднало на шините. 200“те патници во возот биле приморани ноќта да ја поминат во вагоните.

Властите вчера прогласија црвен аларм.

Денеска нивото на црвениот аларм беше намален но со предупредување дека силниот ветер и понатаму ќе дува со истиот интензитет.

 

 

 

aa/remzi



Слични вести