САД продолжуваат да испраќаат свои војници и воена опрема во Полска

Американски воен конвој составен од голем број возила премина преку германско-полската граница и пристигна во градот Заган

650900
САД продолжуваат да испраќаат свои војници и воена опрема во Полска

САД продолжуваат со испраќање војници и воена опрема во Полска во рамките на операцијата на НАТО.

Американски воен конвој составен од голем број возила премина преку германско-полската граница и пристигна во градот Заган.

Првите американски војници во рамките на оваа испорака пристигнаа во Заган во сабота.

Американските единици ќе продолжат да доаѓаат во полските градови Swietoszow, Skwierzynia ve Boleslawiec каде што ќе бидат стационирани и овде ќе останат 9 месеци.

Освен тоа еден дел од овие единици освен во Балитичките земји ќе бидат испратени и во Бугарија и Романија.

Во текот на операцијата за источната граница на НАТО беа испратени 3.500 војници од третата оклопна бригада.

Во меѓувреме во врска со испораката на војници од страна на САД во Полска пристигна изјава и од Русија.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков рече: „Овие активности се закануваат на нашите интереси и на нашата национална безбедност. Згора на тоа станува збор за зголемување на своето воено присустви во близина на нашите граници на една трета земја која не е ниту европска земја.“ 

Велејќи дека бројот на војници кои се испраќаат од страна на САД во Полска не е значаен од аспект на постоечките случувања, Песков рече: „Илјада или 10 илјади војници значајно е тоа што се зголемува военото присуство.“

 



Слични вести