Париз се подготвува за Меѓународната мировна конференција за Блискиот исток на 15 јануари

На конференцијата која што ќе започне на 15 јануари во недела ќе учествуваат претставници од приближно 70 земји меѓу кои и од Турција

650676
Париз се подготвува за Меѓународната мировна конференција за Блискиот исток на 15 јануари

Францускиот главен град Париз се подготвува за Меѓународната мировна конференција за Блискиот исток.

На конференцијата која што ќе започне на 15 јануари во недела ќе учествуваат претставници од приближно 70 земји меѓу кои и од Турција.

Францускиот претседател Франсоа Оланд во говорот што го одржа на приемот на шефовите на странските мисии во Елисејската палата по повод новата година потсети дека Париз во наредните денови ќе биде домаќин на меѓународна мировна конференција посветена на Блискоисточниот проблем. 

Велејќи дека цел на конференцијата е да се повтори поддршката и одлучноста на меѓународната заедница за постигнување решение на основа на две држави, Оланд рече: „Меѓутоа мирот заедно ќе го воспостават Израел и Палестинците, а не други. Овој проблем можат да го решат само билатерални преговори.“

Во меѓувреме францускиот претседател Франсоа Оланд го побара по телефон и палестинскиот претседател Махмуд Абас говор го информираше во врска со конференцијата, а воедно го покани во наредните денови да допатува во Париз на билатерални разговори.

Од друга страна Израел нема да учествува на Меѓународната мировна конференција за Блискиот исток во недела.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху конференцијата ја окарактеризира како „наместена“, ја осуди истата и застана во одбрана на тоа дека ќе биде во услуга на антиизраелството.

Дипломатски извори истакнуваат дека палестинскиот претседател Махмуд Абас ќе учествува на конференцијата

Франција и на 3 јуни 2016 година и покрај приговорите на Израел организира меѓународна конференција во Париз посветена на мирот на Блискиот исток.

Помеѓу Израел и Палестина не се одржуваат преговори од април 2014 година досега.



Слични вести