Евопа под влијание на обилни врнежи од снег

Во последните 5 дена над 80 лица го загубиле животот поради екстремно студеното време претежно во Украина,Унгарија и Полска

649898
Евопа под влијание на обилни врнежи од снег

Само во Украина каде температурите се спуштиле до минус 33 степени од студ починале најмалку 43 лица.Повеќето од нив биле бездомници.

Слична е и ситуацијата во Романија каде само во последните 24 часа од студ починале 6 лица.Околу 600 лица во Романија биле сместени во привремени живеалишта и добивале топол оброк.

Во Бугарија се доживува најстудената зима во последните 100 години. Температурите паднаа до минус 29 степени а од минатата недела досега од студ починале 10 лица.

Снегот и студот ја погодија и Западна Европа.

Јужна Франција е целосно под влијание на обилни врнежи од снег и мраз. Во Корзика се блокирани сите планински превои а околу 30 000 домови се без струја. 28 000 домови и во Марсеј се без струја.

Времето во Германија е многу студено.Во западните предели на Германија температурите се спуштија до минус 10 а на истоткот до минус 17 степени.

Русија каде температурите се движат околу 22 степени под нулата најави дека ќе ја намали испораката на гас во Европа за да ги задоволи домашните потреби.



Слични вести