Турскиот пријател Ахмед Хусен стана канадски министер за државјанство и имиграција

Канадскиот пратенк Ахмед Хусен, кој е познат како турски пријател стана министер за државјанство и имиграција

649283
Турскиот пријател Ахмед Хусен стана канадски министер за државјанство и имиграција

Пратеникот на Канада Ахмед Хусен кој по обидот за воен удар на Фетулахистичката терористичка организација/Паралелната државна структура ФЕТО/ПДЈ на 15 јули во Истанбул држеше стража за демократија до наутро со што ги освои срцата на турскиот народ, стана канадски министер за државјанство и имиграција.

Канадскиот пратеник од сомалиско потекло Ахмед Хусен и претходно престојуваше во посета на Истанбул за да го истражува на лице место сето она што го прави Турција за сириските бегалци.  

Ахмед Хусен во рамките на своите разговори во Истанбул за време на оваа негова остварена посета ги посети сириските деца имигранти кои со поддршка на општина Пендик го продолжуваат своето образование во Турција.

Велејќи дека Турција го прави она што не може да го направи нути една земја, Ахмед Хусен рече: „Турција ги отвори своите врати за 3,5 милиони луѓе загрозени од војната. На своите гости освен тоа што им обезбедуваат услови за сместување и храна, со давање образование во една конфорна средина ги подготвуваат децата за иднината. Сириските деца кои и покрај тоа што изгубиле се благодарение на општина Пендик тие имаат надеж за иднината.“



Слични вести