Група американски сенатори подготвија нацрт-закон за нови санкции врз Русија

Како што се истакнува санкциите ќе ги опфатат енергетскиот сектор и инвестирањата на државниот долг на Русија

648569
Група американски сенатори подготвија нацрт-закон за нови санкции врз Русија

Група американски сенатори доставија нацрт-закон кој предвидува воведување на нови санкции врз Русија.

Според изјавата на сенаторот Бен Кардин иницијативите за нови санкции врз Русија освен тврдењата за интервенција на изборите во САД беа започнати и во врска со состојбата во Украина и на Крим.

Како што се истакнува санкциите ќе ги опфатат енергетскиот сектор и инвестирањата на државниот долг на Русија.

Американскиот сенатор Бен Кардин рече: „Конгресот на САД независно од тоа каков ќе биде ставот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп треба да ги сопре дејствијата на Русија во Украина и Сирија.“

Новинската агенција Ројтерс соопшти дека нацрт-законот подготвен од страна на републиканскиот сенатор Џон МекКејн и републиканските сенатори Роберт Менендез и Бен Кардин предвидува ограничување за виза и замрзнување на банкарските сметки на лицата замешани во активности кои ја пореметуваат кибер безбедноста на јавната и приватната инфраструктура и демократските институции во САД и на оние кои им помагаат на овие лица.



Слични вести