Во двоен бомбашки напад во Кабул најмалку 20 загинати

Авганистански функционери изјавија за француската новинска агенција АФП дека во два едно по друго реализирани напади има најмалку 20 загинати, а 45 лица се ранети

648472
Во двоен бомбашки напад во Кабул најмалку 20 загинати

Во реализиран  двоен бомбашки напад во главниот град на Авганистан Кабул животот го загубија најмалку 20 лица.

Авганистански функционери изјавија за француската новинска агенција АФП дека во два едно по друго реализирани напади има најмалку 20 загинати, а 45 лица се ранети.

Исти функционери истакнаа дека едниот од двајцата напаѓачи ја активирал бомбата на себе и се разнел во близина на зградата на парламентот во Кабул.

Вториот напад пак бил реализиран меѓу големиот број лица кои им отрчале на помош на ранетите во првиот напад.

Одговорноста за нападот ја презеде Талибан.

Во првото објавено соопштение од авганистанското министерство за здравство беше истакнато дека во двојниот бомбашки напад биле ранети најмалку 40 лица.



Слични вести