Пакистан за прв пат тестираше ракета истрелана од подморница

Во објавеното соопштение од пакистанската армија се истакнува дека ракетата Бабур-3 со дострел од 450 километри и со капацитет да носи нуклеарна боева глава била успешно истрелана од подморница во Индискиот океан

648213
Пакистан за прв пат тестираше ракета истрелана од подморница

Пакистан за прв пат тестираше водена ракета истрелана од подморница.

Во објавеното соопштение од пакистанската армија се истакнува дека ракетата Бабур-3 со дострел од 450 километри и со капацитет да носи нуклеарна боева глава била успешно истрелана од подморница во Индискиот океан чија локација не беше соопштена.

Во соопштението се вели дека ракетата ќе придонесе за силата на одвраќање на Пакистан.

Ракетата Бабур-3 е со способност за истрелување од море,  а ракетата Бабур-2 која што беше тестирана минатиот месец со способност за истрелување од копно.



Слични вести