Дали отцепувањето на Британија од ЕУ ќе биде умерено или остро?

Светот деновиве го поставува ова прашање и го бара одговорот

648049
Дали отцепувањето на Британија од ЕУ ќе биде умерено или остро?

Се посилни стануваат претпоставките дека отцепувањето ќе биде остро особено после упорното спротивставување на Британија на доселување и населување на граѓани на ЕУ.

Канцеларката на Германија Ангела Меркел предупреди дека доколку Британија се противи на принципот на слободите, ќе треба да се размисли за ограничување на пристапот на оваа земја во заедничкиот европски пазар.

Меркел во говор во Келн рече :никој не би требало да мисли дека преговорите за брегзит се состојат само од тоа да се приграби најпосакуваното. Познати се условите за влез во заедничкиот пазар.Тоа бара да се прифатат 4 услови.

Британската премиерка Тереза Меј во изјавата дадена завчера велејќи дека се отцепуваат од ЕУ додаде: не можеме да кажеме дека се одвојуваме а истовремено и дека останува дел од членството.

Оваа нејзина изјава многумина ја коментираа како Лондон предвидува остар процес на отцепување од ЕУ, а како резултат на тоа вендаш падна вредноста на фунтата наспрема доларот и еврото.

Нешто потоа Меј се корегира и рече:Не би било точна констатацијата ако се каже дека е неизбежно остро одвојување од ЕУ.

 



Слични вести