Нетанјаху: Извршителот на нападот со камион е поврзан со ДАЕШ

„Возачот кој со камион влета меѓу израелски војници во близина на една еврејска населба во јужниот дел на Источен Ерусалим е поврзан со терористичката организација ДАЕШ“ - изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

647371
Нетанјаху: Извршителот на нападот со камион е поврзан со ДАЕШ

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху истакна дека возачот кој со камион влета меѓу израелски војници во близина на една еврејска населба во јужниот дел на Источен Ерусалим е поврзан со терористичката организација ДАЕШ.

Израелската полиција исто така ја сподели информацијата дека лицето кое го реализирало нападот живеело во Џебел Мукабер и имало 28 години.

Во меѓувреме во реализирана операција по нападот беа притворени 9 лица.

Израелскиот парламент, Кнесетот, пак донесе одлука за изрекување на низа казни поради нападот со камион во Источен Ерусалим во кој загинаа четворица израелски војници, а 15 лица беа ранети.

Палестинскиот печат ја сподели информацијата дека извршител на нападот било лицето по име Фаде ел-Канбер.



Слични вести