Голем број Ирачани протестираа против порастот на насилствата во Багдад

Големиот број лица кои се собраа на плоштадот Тахрир во Багдад протестираа против порастот на насилствата со бомбашки и самоубиствени напади во кои во последните денови гинат голем број лица

647422
Голем број Ирачани протестираа против порастот на насилствата во Багдад

Стотици лица кои синоќа на полноќ се собраа во главниот град на Ирак, Багдад, протестираа против порастот на насилствата во земјата.

Големиот број лица кои се собраа на плоштадот Тахрир во Багдад протестираа против порастот на насилствата со бомбашки и самоубиствени напади во кои во последните денови гинат голем број лица.

Насобраните лица на своите раце носеа ирачки знамиња и транспаренти со упатени критики на сметка на владата.

Во ирачкиот главен град Багдад каде што постојат безбедносни слабости во последните денови се реализирани голем број бомбашки напади со возила и самоубиствени напади врз пазари и други прометни места во кои животот го загубија голем број лица, а голем број лица беа ранети.

 



Слични вести