Ирачките армиски сили ја зазедоа од ДАЕШ стратешката болница Селам во Мосул

Командантот на операциите на Мосул генерал полковник Абдулемир Јаралах рече: „Во заедничка операција на армијата и федералните полициски сили е заземена од ДАЕШ болницата Селам.“

646523
Ирачките армиски сили ја зазедоа од ДАЕШ стратешката болница Селам во Мосул

Безбедносните сили во склопот на ирачката армија ја ослободија од терористичката организација ДАЕШ болницата Селам која располага со стратешко значење и која се наоѓа во источниот дел на градот Мосул.

Командантот на операциите на Мосул генерал полковник Абдулемир Јаралах рече: „Во заедничка операција на армијата и федералните полициски сили е заземена од ДАЕШ болницата Селам.“

Јаралах истакна дека освен болницата Селам биле исчистени од терористичката организација ДАЕШ и Медицинскиот колеџ и болницата Шифа и дека на ослободените згради било поставено ирачко знаме.  

Минатиот месец во декември ирачките безбедносни сили се обидоа да ја заземат болницата Селам која се наоѓа меѓу знајначајните 5 болници во градот Мосул, меѓутоа по жестокиот напад на милитантите на ДАЕШ ирачките сили беа принудени да се повлечат.

 

 



Слични вести