Мистура: ОН ќе учествуваат на мировните преговори за Сирија во Астана

Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура истакна дека ОН ќе учествуваат на мировните преговори за Сирија што ќе се одржат овој месец во казахстанскиот главен град Астана

645443
Мистура: ОН ќе учествуваат на мировните преговори за Сирија во Астана

Специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура истакна дека и покрај тоа што постојат извесни прекршувања е крајно задоволен од прекинот на огнот кој што стапи во сила во Сирија под гаранторство на Турција и Русија, а воедно рече дека ОН ќе учествуваат на мировните преговори за Сирија што ќе се одржат овој месец во казахстанскиот главен град Астана.

Во швајцарскиот град Женева се одржа состанок на работната група за хуманитарен пристап на Меѓународната група за поддршка на Сирија.

По состанокот специјалниот претставник на ОН за Сирија Стефан де Мистура одржа конференција за претставниците на печатот на која го осуди терористичкиот напад во Ортаќој во Истанбул и го изрази своето сочувство до турскиот народ и до другите земји чии државјани го загубија животот во нападот. 

Мистура нагласи дека Турција и Русија се земји гарантори на прекинот на огнот во Сирија и подвлече дека треба да се поддржува иницијативата што ја започнаа овие две земји за Сирија.



Слични вести