Тим Бароу, нов амбасадор на Велика Британија во ЕУ

Искусниот дипломат Тим Бароу е назначен за нов постојан претставник на Обединетото Кралство во ЕУ на местото на Ајвн Роџерс кој завчера поднесе оставка

645019
Тим Бароу, нов амбасадор на Велика Британија во ЕУ

Нов амбасадор на Велика Британија во ЕУ стана Тим Бароу.

Искусниот дипломат Бароу е назначен за нов постојан претставник на Обединетото Кралство во ЕУ на местото на Ајвн Роџерс кој завчера поднесе оставка.

Британската влада го дефинира Бароу кој во периодот од 2011 до 2015 година беше амбасадор во Москва, го дефинира како искусен дипломат кој цврсто се пазари“. 

Според веста на ББС на турски јазик Бароу ќе ги води разговорите во процесот за излез (Брекзит) на Велика Британија од ЕУ.

По назначувањето за нов британски постојан претставник во ЕУ Тим Бароу изјави дека оваа должност значи гордост за него и нагласи дека ќе овозможи да се обезбеди правилен Брекзит за Велика Британија.

Досегашниот постојан претставник на Велика Британија во ЕУ Ајвн Роџерс од страна на некои пратеници се дефинираше како безволен по прашањето на излезот од ЕУ.  

Роџерс во напишаната забелешка до други британски дипломати по својата оставка истакна: „Се надевам дека ќе се спротивставите против неоснованите аргументи и нема да се воздржувате да им ги кажувате вистините на властите.“



Слични вести