САД: Се водат разговори за поддршка на турската армија во Ел Баб

Американскиот полковник Џон Дориан истакна дека базата Инџирлик претставува непроценлива вредност од аспект на можностите кои што ги обезбедува и рече дека се водат разговори за поддршка на турската армија во Ел Баб

644450
САД: Се водат разговори за поддршка на турската армија во Ел Баб

Портпаролот на коалицијата против терористичката организација ДАЕШ под водство на САД полковник Џон Дориан со посредство на телеконференција од Багдад одговараше на прашањата на американскиот секретаријат за одбрана Пентагон, во врска со операциите кои што се водат против терористичката организација ДАЕШ во Сирија.

Американскиот полковник Џон Дориан истакна дека базата Инџирлик претставува непроценлива вредност од аспект на можностите кои што ги обезбедува и рече дека се водат разговори за поддршка на турската армија во Ел Баб.

Велејќи дека базата Инџирлик како поддршка на сојузничките сили се користи за разузнавање, извидување и воздушни напади, Дориан нагласи дека она што го прави Турција во северниот дел на Сирија е многу драгоцено.

Портпаролот Џон Дориан истакна дека американските војници работат со турските војници во северниот дел на Сирија, но додаде дека не би можел да сподели информации во врска со тоа каде точно се стационирани. 

Портпаролот на коалицијата против терористичката организација ДАЕШ под водство на САД, американскиот полковник Џон Дориан напомена дека продолжуваат дипломатските разговори за доставување поддршка од страна на коалиционите сили на Турција во Ел Баб.

Дориан истакна дека ќе достават поддршка на операцијата на Ел Баб, меѓутоа рече дека видот и содржината на оваа поддршка ќе бидат разјаснети по разговорите кои што се одржуваат на високо ниво.



Слични вести