Претседателот Барак Обама се збогува со армијата
Американскиот претседател Барак Обама ја посети базата Форт Маер во сојузната држава Вирџинија каде што се збогува со армијата

Американскиот претседател Барак Обама кој се подготвува на 20 јануари да му ја предаде претседателската фотелја на новоизбраниот претседател Доналд Трамп се збогува со армијата.
Обама ја посети базата Форт Маер во сојузната држава Вирџинија.
За време на оваа негова посета претседателот Обама беше придржуван од својот заменик Џо Бајден, секретарот за одбрана Ештон Картер и началникот на американските вооружени сили Џозеф Данфорд.
Претседателот Барак Обама во говорот што го одржа овде истакна дека најголема одговорност на американската армија е да ја придобие поддршката и довербата на американскиот народ.
Обама рече: „За одбрана на нашиот народ бидете непоколебливи, меѓутоа за да не го доведете во опасност животот на нашите војници не донесувајте забрзана одлука и не влегувајте во војна.“
Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер на претседателот Барак Обама пред да го одржи својот говор му врачи медал во име на американската армија по повод неговите заслуги за земјата.