Ирачката армија започна нова офанзива во западните делови на Мосул

Ирачките армиски сили утрово започнаа операција од широк обем за враќање на областите Ана, Рава и Ел-Каим во западниот дел на Мосул кои се наоѓаат под контрола на терористичката организација ДАЕШ

645064
Ирачката армија започна нова офанзива во западните делови на Мосул

Ирачката армија започна нова офанзива од широк обем за спасување на областите во западните делови на Мосул кои се наоѓаат под контрола на терористичката организација ДАЕШ.

Командантот на операциите Ал Џезира на ирачката армија генерал мајор Касим ел-Мухамеди изјави за дописникот на новинската агенција Анадолија, армиските сили утрово започнаа операција од широк обем за враќање на областите Ана, Рава и Ел-Каим во западниот дел на Мосул кои се наоѓаат под контрола на терористичката организација ДАЕШ.

Велејќи дека операцијата од неколку фронта пред се е започната кон Ана и дека по заземањето на оваа област ќе биде усмерена кон Рава и Ел-Каим, Мухамеди напомена дека воедно и авиони на коалиционите сили ги бомбардираат целите на ДАЕШ во наведените области. 

Ирачката армија на 17 октовмри започна операција за спасување на Мосул кој од јуни 2014 година се наоѓа под контрола на терористичката организација ДАЕШ.

Операцијата е поддржана и од силите Пешмерги и гардистите Ниневија од кои мнозинството го сочинуваат борци обучени од страна на турските војници во кампот Башика.

Во рамките на операцијата која е поддржана од воздух и од страна на меѓународните коалициони сили под водство на САД досега претежно е напредувано во источните делови на Мосул.



Слични вести