САД ја увиде пожртвуваноста на Турција во операцијата на Ал Баб

Продолжуваат средбите меѓу турските и американските власти во однос на поддршката на операцијата против ДЕАШ во Ал Баб

644084
САД ја увиде пожртвуваноста на Турција во операцијата на Ал Баб

Портпаролот на американското министерство за одбрана (Пентагон) Питер Кук рече дека во рамките на воениот ангажман на Турција во Сирија и турските сили во Ал Баб имале можност да видат голема и значајна пожртвуваност.

САД ги поддржува сите активности за вршење притисок врз ДЕАШ, рече Кук.

На секојдневната прес конференција портпаролот Кук одговараше на прашањата во врска со операцијата на Турција против ДЕАШ во Ал Баба во Сирија.

Кук упати пофални зборови на сметка на пожртвуваноста на Турција во борбата против ДЕАШ во Сирија и рече дека минатата недела на барање на Турција, авионите на коалиционите сили извршија интензивно бомбардирање на позициите на терористичката организација во Ал Баб во знак на поддрпка на турските безбедносни сили.

Авионите не оставиле муниција и нема детални податоци за операцијата, рече Кук потенцирајќи дека и натаму продолжуваат средбите меѓу турските и американските власти во однос на поддршката на операцијата против ДЕАШ во Ал Баб.

Кук во продолжение рече дека ќе продолжи координацијата со турските власти и војниците на теренот како и на високо ниво.

Освен тоа, портпаролот Кук рече дека немаат информации за соработката меѓу Турција и Русија во однос на борбата против ДЕАШ, поради што рече дека ова прашање ќе треба да им се постави на турските и руските власти.

Портпаролот на Пентагон меѓудругото го осуди терористичкиот напад за новогодишната ноќ во Истанбул во кој загинаа 39 лице и изрази сочувство.

Знаевме дека ДЕАШ како губи територии во Ирак и Сирија ќе почне со напади со висок профил врз невините цивили. Но покрај се, овие напори не ќе можат да не откажат од нашите напори и борбата против тероризмот, рече Кук.



Слични вести