Неприфатливо е ПКК да ги користи териториите на Ирак за вршење напади врз Турција

Посетата на турскиот премиер ќе се оствари во рамките на меѓусебните посети и напорите за зајакнување на односите

644191
Неприфатливо е ПКК да ги користи териториите на Ирак за вршење напади врз Турција

Ирачкиот премиер Хајдар Ал-Абади рече дека неприфатливо е сепаратистичко-терористичката организација ПКК да ги користи териториите на Ирак за вршење напади врз Турција.

Абади на прес конференцијата што ја одржа пред зградата на Владата во Зелената зона во Багдад рече:

„И нашиот устав не го дозволува тоа“.

Во освртот на претстојната посета на премиерот Бинали Јилдирим на Ирак на 5 и 6 јануари, Абади рече дека посетата на турскиот премиер ќе се оствари во рамките на меѓусебните посети и напорите за зајакнување на односите. Со Турција и сите други земји сакаме да ги зајакнеме политички, безбедносните, економските и трговските односи, рече Абади.

Во врска со операцијата за ослободување на Мосул од ДЕАШ, ирачкиот премиер Абади рече дека во последните денови безбедносните сили постигнаа одреден напредок и упати повик за соработка и размена на разузнавачките информации со светските земји за што поскоро окончување на терористичката организација.

На семејствата во ослободените зони им делиме храна со купони, рече Абади и потенцираше дека исто така почнале да се отвораат и училиштата.

Абад во продолжение истакна дека водат отворена војна против тероризмот во Ирак и дека во нападите во Багдад, Неџеф и Салахадин има безбедносни слабости, поради што на безбедносните сили им издал нови инструкции за зајакнување на контролата на возилата во сообраќајот во главниот и другите градови на земјата.



Слични вести