Ибади: Нема да прифатиме ПКК од териториите на Ирак да реализира напади против Турција

Ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади напомена дека нема да прифатат терористичката организација ПКК од териториите на Ирак да реализира напади против Турција

643559
Ибади: Нема да прифатиме ПКК од териториите на Ирак да реализира напади против Турција

Ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади одржа конференција за претставниците на печатот во владината зграда во Зелената зона во Багдад.

Ибади истакна дека безбедносните сили во последните денови постигнуваат напредок во операцијата за спасување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ и дека за уништување на оваа организација побарал поддршка од земјите во светот по прашањето на споделувањето на разузнавачки информации.

Хајдар ел-Ибади воедно информира дека во ослободените области во Мосул почнале да им се раздаваат бонови за храна на семејствата и повторно да се отвораат училиштата.

Велејќи дека во Ирак се води отворена војна против тероризмот, Ибади истакна дека во врска со нападите кои што се доживуваат во Багдад, Неџеф и Салахадин постојат безбедносни пропусти и дека им биле издадени нови директиви на безбедносните сили по прашањето на контролата на движењето на возилата во главниот град и во другите градови.

Освен тоа Ибади напомена дека нема да прифатат терористичката организација ПКК од териториите на Ирак да реализира напади против Турција.

Ирачкиот премиер Хајдар ел-Ибади се осврна и на претстојната посета на премиерот Бинали Јилдирим на Ирак во врска со што рече: „Посетата на турскиот премер на Ирак ќе биде остварена во рамките на обостраните реализирани посети и зајакнувањето на меѓусебните односи. Сакаме да бидат зајакнати нашите политички, безбедносни, економски и трговски односи со Турција и со сите земји.“



Слични вести