Барак Обама прошталниот говор ќе го одржи во својот роден град Чикаго

Американскиот претседател кој се наоѓа на крајот на својот мандат Барак Обама својот проштален говор ќе го одржи на 10-ти јануари во својот роден Чикаго

643885
Барак Обама прошталниот говор ќе го одржи во својот роден град Чикаго

Американскиот претседател Барак Обама кој на 20 јануари ќе му ја отстапи претседателската функција на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, својот проштален говор ќе го одржи на 10 јануари во својот роден град Чикаго.

Обама во објавеното писмено соопштение нагласи дека во прошталниот говор ќе се стекне со можност за да се заблагодари.

Претседателот Барак Обама рече: „Ќе ги прославиме промените кои што ги реализиравме во последните 8 години и ќе изнесам некои мои мисли во врска со тоа како би можеле да продолжиме оттука.“

Обама кој претседателската фотелја ќе му ја предаде на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, се критикува по прашањето на надворешната политика на чело со Сирија. 

Инаку и првиот американски претседател Џорџ Вашингтон својот проштален говор на крајот на својот претседателски мандат во 1796 година го одржа во Чикаго.

 



Слични вести