За време на бунт во затвор во Бразил животот го загубија најмалку 60 лица

Судирите до кои што дојде во еден затвор во Бразил помеѓу две сопернички наркобанди прераснаа во бунт во кој животот го загубија најмалку 60 лица

643032
За време на бунт во затвор во Бразил животот го загубија најмалку 60 лица

За време на бунт кој што избувнал во еден затвор во државата Амазонас во Бразил животот го загубија најмалку 60 лица.

Судирите до кои што дојде во затворот помеѓу две сопернички наркобанди прераснаа во бунт.

Бунтот траеше приближно 20 часа.

Според вестите кои што пристигнуваат постои можност од зголемување на бројот на загинатите.

Како што се наведува на еден дел од загинатите им биле отсечени главите или им биле распарчени телата.

Приближно 40 затвореници кои за време на судирите и бунтот избегале од затворот, биле фатени

12 чувари на затворот пак кои за време на бунтот биле земени во заложништво се спасиле без да здобијат повреди.



Слични вести