Во воздушен напад на коалиционите сили во Сирија убиени 8 терористи

Коалициони сили реализираа воздушен напад на магистралниот пат кој што ги поврзува  Баб ел Хава и градот Сармада во северозападниот дел на Сирија во кој се убиени 8 терористи припадници на различни терористички организации

643116
Во воздушен напад на коалиционите сили во Сирија убиени 8 терористи

Во реализиран воздушен напад од страна на коалиционите сили под водство на САД во Сирија се убиени 8 терористи припадници на различни терористички организации.

Цел на воздушниот напад бил магистралниот пат кој што ги поврзува  Баб ел Хава и градот Сармада во северозападниот дел на Сирија, во близина турско-сирискиот граничен премин Џилвеѓозу.

Во објавеното соопштение од Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон се истакнува дека во воздушниот напад биле убиени 8 терористи.

Меѓу загинатите во нападот се наоѓал и Хатаб ел Кахтани, еден од таканаречените команданти на Фронтот Фетих кој е поврзан со терористичката организација Ал Каеда.

Во реализирани напади со беспилотни летала беа убиени и Ебу Омер Ел Туркистани кој го поддржуваше сирискиот режим и командантот на Ал Каеда во Сирија Ебу Муатасем Ел Дејри.



Слични вести