Во Германија уапсен Сириец под сомневање дека планирал да изврши терористички напад

Како што се тврди осомничениот Сириец стапил во контакт со терористичката организација ДАЕШ и се подготвувал да изврши терористички напад.

643087
Во Германија уапсен Сириец под сомневање дека планирал да изврши терористички напад

Во Германија уапсен Сиријец под сомневање дека планирал да изврши терористички напад.

Како што се тврди осомничениот Сириец стапил во контакт со терористичката организација ДАЕШ и се подготвувал да изврши терористички напад.

Во објавеното соопштение од страна на јавното обвинителство во Зарбрикен осомниченото лице за кое станува збор од еден посредувач побарало 180 илјади евра од терористичката организација ДАЕШ. 

Во соопштението се вели дека осомничениот со овие пари планирал да купи возило, да го натовари со експлозив и да влета меѓу толпа насобрани луѓе.

Во врска со овој план биле пронајдени пораки во телефонот на осомничениот.

Во меѓувреме осомничениот кој во Германија дошол во декември 2014 година признал дека стапил во контакт со терористичката организација ДАЕШ, меѓутоа ги отфрли обвинувањата за тоа дека се подготвувал да изврши терористички напад.



Слични вести