Оланд: Во Мосул би можела да се извојува победа напролет

Францускиот претседател Франсоа Оланд вчера престојуваше во еднодневна посета на Ирак каде што истакна дека во војната во Мосул би можела да се извојува победа напролет

642890
Оланд: Во Мосул би можела да се извојува победа напролет

Францускиот претседател Франсоа Оланд вчера престојуваше во еднодневна посета на Ирак.

Оланд во Багдад најпрвин се состана со ирачкиот претседател Фуад Масум, а потоа имаше средба и со премиерот Хајдар ел-Ибади.

По овие остварени средби во Багдад францускиот претседател Франсоал Оланд замина за градот Ербил.

Овде Оланд ги посети силите Пешмерги кои војуваат против терористичката организација ДАЕШ и фронтот каде што се на задача и француски воени советници.

По посетата на фронтот Франсоа Оланд во Ербил се состана со претседателот на Регионалата курдска управа на Ирак Месут Барзани, со кого потоа одржаа и заедничка конференција за претставниците на печатот. 

Овде францускиот претседател Франсоа Оланд го нагласи значењето на поддршката на силите Пешмерги во борбата против терористичката организација ДАЕШ во Мосул.

Оланд истакна дека во војната во Мосул би можела да се извојува победа напролет.

Велејќи дека по исчистувањето на градот Мосул од терористичката организација ДАЕШ треба да се формира добар механизам на управување во градот, францускиот претседател Франсоа Оланд рече: „Треба да се овозможи сите етнички и верски елементи да живеат во мир.“



Слични вести