Nетанјаху подложен на распит поради тврдењата во врска со корупцијата

Меѓу тврдењата за нерегуларности во откупот на подморниците од Германија, беше додадена и изјавата на французинот Арно Мимран за донации во изборната кампања на Нетанјаху на изборите во 2009 година.

643123
Nетанјаху подложен на распит поради тврдењата во врска со корупцијата

Израелскиот премиер Бенјамин Nетанјаху подложен на распит поради тврдењата во врска со корупцијата

Изјавата на премиерот Нетанјаху кој беше осомничен поради прифаќање на скапи подароци од бизнисмените, беше земена од страна на полицијата во резиденцијата во Ерусалим.

Претставниците на опозицијата по серијата скандали за корупција во последните месеци поднесоа барање за вршење истрага на пре миерот Нетанјаху.

Меѓу тврдењата за нерегуларности во откупот на подморниците од Германија, беше додадена и изјавата на французинот Арно Мимран кој беше осуден на казна затвор од 8 години поради донации во изборната кампања на Нетанјаху на изборите во 2009 година.

Израелскиот премиер меѓудругото беше обвинет за прекумерни трошоци при едно патувањето со авион, односно исплатата на 127 илјади долари за поставувањето специјална спална соба во авионот.

Премиерот Нетанјаху ги негира обвинувањата за злоупотреба на должноста поради што ги предупреди конкурентите да не учествуваат во прославата на новата година.



Слични вести