Досега исчистена една четвртина од Мосул од терористичката организација ДАЕШ

Ирачката армија од почетокот на операцијата за спасување на Мосул која започна на 17 октомври досега исчисти една четвртина од градот од терористичката организација ДАЕШ

643511
Досега исчистена една четвртина од Мосул од терористичката организација ДАЕШ

Во склопот на втората фаза од операцијата за исчистување на градот Мосул од терористичката организација ДАЕШ ирачката армија досега освои една четвртина од градот.

Како последно ирачките сили од ДАЕШ ги исчистија и маалата Кудус и Интисар.

Во меѓувреме бројот на лицата кои ги напуштија своите домови во Мосул изнесува приближно 150 илјади лица.

Заедно со повторното засилување на судирите се претпоставува дека бројот на цивилите кои се засолнаа во кампови изнесува над еден милион.

Ирачките армиски единици, силите Пешмерги и гардистите Ниневија (Нинова) од кои мнозинството го сочинуваат борци обучени од страна на турските војници во кампот Башика, на 17 октомври ја започнаа операцијата за исчистување на Мосул од терористичката организација ДАЕШ, која продолжува.



Слични вести