Британскиот министер за безбедност Бен Валас предупреди: ДАЕШ сака да употреби хемиско оружје во В.Британија

Британскиот министер за безбедност Бен Валас предупреди дека терористичката организација ДАЕШ која употреби хемиско оружје во Сирија и Ирак посакува овој метод да го пренесе и во Европа

643185
Британскиот министер за безбедност Бен Валас предупреди: ДАЕШ сака да употреби хемиско оружје во В.Британија

Британскиот министер за безбедност Бен Валас во интервју за „Сандеј Тајмс“ истакна дека неговата земја би можела да стане цел на хемиски напад на терористичката организација ДАЕШ.

Валас рече: „ДАЕШ посакува да го оствари ’најлошиот страв на секого’“.

Велејќи дека терористичката организација ДАЕШ која употреби хемиско оружје во Сирија и Ирак посакува овој метод да го пренесе и во Европа, британскиот министер за безбедност Бен Валас рече: „Амбиција на ДАЕШ е да изврши напади со голем број жртви. Сакаат да им се наштети на колку што е можно поголем број луѓе. Немаат никаква морална воздржаност по прашањето на употреба на хемиско оружје. Ако можат употребат, тоа би го направиле во оваа земја.“

„Видовме дека употребија оружје од овој вид во Сирија и во Ирак и можеме да ја видиме и нивната желба за Европа. При ваква состојба секој стравува од бројките на жртви.“ - британскиот министер за безбедност Бен Валас.



Слични вести