Знамињата пред штабот на НАТО во Брисел симнати на половина копје

Согласно донесената одлука во знак на солидарност со Турција по повод терористичкиот напад во Истанбул знамињата пред штабот на НАТО во Брисел ќе останат на половина копје во текот на два дена

642549
Знамињата пред штабот на НАТО во Брисел симнати на половина копје

Против терористичкиот напад за време на новогодишната прослава во еден ноќен клуб во Ортаќој во Истанбул во кој животот го загубија 39 лица, а 65 лица беа ранети од кои четворица потешко, реакција пристигна и од НАТО.

Знамињата на државите сојузнички пред седиштето на НАТО во белгискиот главен град Брисел се спуштени на половина копје.

Предлогот за симнување на знамињата на половина копје во знак на солидарност по повод загинатите во брутаниот терористички напад пристигна од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Овој предлог на Столтенберг доби целосна поддршка и од земјите членки на Алијансата.

Така согласно донесената одлука знамињата на државите сојузнички пред штабот на НАТО во Брисел ќе останат спуштени на половина копје во текот на два дена.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг својата реакција против терористичкиот напад во Ортаќој во Истанбул ја покажа со пораката што ја објави преку социјалните медиуми во која напиша: „Истанбул во новата година влезе со еден трагичен настан. Многу жалам.“



Слични вести