Советот за безбедност на ОН доби пет нови земји непостојани членки

Етиопија, Боливија, Казахстан, Шведска и Италија станаа петте нови непостојани членки на Советот за безбедност на ОН на местото на Венецуела, Малезија, Нов Зеланд, Шпанија и Ангола чиј двогодишен мандат заврши

642287
Советот за безбедност на ОН доби пет нови земји непостојани членки

Новата (2017) година со себе донесе и промена во Советот за безбедност на ОН.

Венецуела, Малезија, Нов Зеланд, Шпанија и Ангола чиј двогодишен мандат заврши се збогуваа со Советот за безбедност.

На нивно место нови земји непостојани членки во Советот за безбедност кои беа избрани во јуни 2016 година станаа Етиопија, Боливија, Казахстан, Шведска и Италија.

Во Советот за безбедност на ОН кој брои 15 земји членки 5 земји се постојани членки кои воендо располагаат и со право на вето и тоа САД, Русија, Велика Британија, Франција и Кина, додека останатите 10 земји се непостојани членки кои се избираат со мандат од две години и секоја година се менуваат 5 од нив.

Така на крајот на 2017 година ќе им истече двогодишниот мандат на Јапонија, Украина, Уругвај, Египет и Сенегал, а на нивно место ќе бидат избрани во текот на оваа година 5 нови земји привремени членки на Советот за безбедност на ОН.

Од друга страна новиот генерален секретар на ОН Антонио Гутерес веднаш откако ја презеде функцијата истакна дека негов приоритет ќе бидат воспоставувањето на мирот и спречувањето на судирите.

Гутерес му се обрати на светот со следните зборови: „Дојдете 2017 година да ја направиме година на мирот.“



Слични вести