Австрија го презеде привременото претседателствување со ОБСЕ

Од 1 јануари 2017 година Австрија стана нов привремен претседавач со Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ)

642352
Австрија го презеде привременото претседателствување со ОБСЕ

Австрија почнувајќи од 1 јануари 2017 година го презеде привременото претседателствување со Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) од досегашниот претседавач Германија.

Во објавеното соопштение од австриското министерство за надворешни работи во сабота се истакнува дека министерот за надворешни работи и нов привремен претседавач со Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) Себастијан Курз ќе престојува во посета на кризната област во источниот дел на Украина.

Себастијан Курз истакна дека официјална Виена улогата на мост меѓу исток и запад ќе ја искористи за воведување на мерки за зголемување на довербата. 

Меѓу целите на Австрија за време на нејзиното привремено претседателствување со ОБСЕ во текот на оваа година се наоѓаат смирување на присутните конфликти, враќање на довербата меѓу земјите и водење борба против радикализмот кои и се закануваат на безбедноста на голем број земји.

Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) се состои од 57 земји членки.



Слични вести