35 руски дипломати ја напуштија Америка

Администрацијата на Барак Обама ја обвини Русија за мешање во претседателските избори со сајбер напади

642047
35 руски дипломати ја напуштија Америка

35-те руски дипломати кои од страна на САД беа прогласени за „персона нон грата“ заедно со семејствата со авион го напуштија Вашингтон.

Рускиот претседател Владимир Путин во врска со тоа како Русија ќе возврати на овој потег претходно имаше речено дека одлуката ќе ја донесат по седнувањето на новиот претсдетаел Доналд Трамп на функцијата.

Администрацијата на Барак Обама ја обвини Русија за мешање во претсдетаелските избори со сајбер напади, поради што затвори два објекти на Русија во САД.

Шон Спајсер, новиот портпарол на Белата куќа кој беше назначен од страна на Трамп рече дека САД не покажа пропорционален однос кон Русија.

Спајсер истакна дека во минатото, кинеските компјутерски хакери ги украдоа личните податоци на сите Американци кои работат во јавните установи, потенцирајќи дека тогашното раководство не презеде никаква освета.

Трамп исто така имаше истакнато дека постојат големи сомневања во врска со тоа дали Русија има улога во хакирањето на електронските пошти на Хилари Клинтон и останатите пратеници на Демократската партија.

Трамп најави дека некои податоци ќе ги објави во вторник или среда.

Портпаролот на новиот претсдетаел Доналд Трамп кој на 20 јануари официјално ќе седне на претседателската функција, администрацијата на Обама ја обвини за непропорционалност.



Слични вести