Нетанјаху,очигледно дека Кери е опседнат со еврејските населени места

Џон Кери  изјави дека бизоналното решение е единственото решение за фер и траен мир меѓу Израелците и Палестинците

640138
Нетанјаху,очигледно дека Кери е опседнат со еврејските населени места

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху реагирајќи на предлогот на американскиот државен секретар за надворешни работи Џон Кери за решавање на палестинско –израелското прашање рече: Очигледно дека Кери е опседнат со еврејските населени места.

Во соопштението издадено од кабинетот на Нетанјаху а по повод изјавата на Кери се вели следното:Изјавата на Кери е контра Израел,исто како и предлог резолуцијата на Кери поднесен до советот за безбедност на ОН.

Инаку американскиот државен секретар за надворешни работи Џон Кери  изјави дека бизоналното решение е единственото решение за фер и траен мир меѓу Израелците и Палестинците, и затоа ние гласавме за овој предлог.

Инаку истата предлог резолуција предвидува итно и целосно стопирање на сите активности за нелегална изградба на населби на палестинските територии под израелска окупација.

Предлог резолуцијата беше изгласана со 14 гласа за на седницата на Советот за безбедност на ОН во петокот.

 



Слични вести