Пронајдена и втората црна кутија на урнатиот руски авион во Црното Море

Руското министерство за одбрана соопшти дека нуркачите ја пронашле и втората црна кутија на авионот од типот Тупољев Ту-154 кој во недела неколку минути по полетувањето од Сочи се урна во Црното Море, на само неколку километри од брегот

639611
Пронајдена и втората црна кутија на урнатиот руски авион во Црното Море

Пронајдена и втората црна кутија на рускиот авион кој во недела се урна во Црното Море со своите 92 лица, 84 патници и 8 членови на екипажот.

Руското министерство за одбрана соопшти дека нуркачите ја пронашле и втората црна кутија на авионот од типот Тупољев Ту-154 кој неколку минути по полетувањето од Сочи се урна во Црното Море, на само неколку километри од брегот.

Црната кутија која е извадена од морето за испитување и дешифрирање ќе биде испратена во главниот град Москва.

Во соопштението на министерството се вели дека за Москва биле испратени и 13 од 17-те пронајдени и извлечени мртви тела во рамките на досегашните активностите за пребарување .

Досега од Црното Море беа извадени главната црна кутија и приближно 1.500 остатоци од урнатиот авион.

Рускиот воен авион од тупот Тупољев Ту-154 полета од Москва и по полнење гориво во Сочи се планираше да замине за Сирија.

Во авионот се наоѓаа новинари и членови на Хорот на Црвената армија кои патуваа за новогодишниот концерт кој што требаше да го приредат во руската воздушна база Хмејмим, но кусо време по полетувањето од Сочи се урна во Црното Море на неколку километри од брегот.



Слични вести