ПЛО го повика Меѓународниот кривичен суд да поведе истрага за израелските населби

Палестинската ослободителна организација (ПЛО) упати повик до Меѓународниот кривичен суд да поведе истрага за активностите на Израел за изградба населби на окупираните палестински територии, вклучувајќи го и Источен Ерусалим

639213
ПЛО го повика Меѓународниот кривичен суд да поведе истрага за израелските населби

Палестинската ослободителна организација (ПЛО) го повика Меѓународниот кривичен суд за итно поведување истрага во врска со активностите на Израел за изградба населби на окупираните палестински територии.

Според веста на палестинската официјална новинска агенција ВАФА, Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) се состана под претседателство на палестинскиот претседател Махмуд Абас во Рамалах.

На состанокот беше разговарано за усвоената резолуција во Советот за безбедност на ОН со која се бара од Израел „веднаш и целосно“ да ги прекине сите свои активности за изградба населби на окупираните палестински територии, вклучувајќи го и Источен Ерусалим.

Согласно оваа резолуција на Советот за безбедност, Комитетот побара од Меѓународниот кривичен суд итно да поведе истрага во врска со „активностите за изградба на колонијални населби на палестинските територии.“

На состанокот на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) беа упатени пофалби за усвоената резолуција во Советот за безбедност на ОН за стопирање на активностите за изградба на еврејските населби и беа анализирани стратегијата што ја следи Палестина и чекорите кои што треба да бидат фрлени согласно решението со две држави земајќи ги притоа за основа границите од 1967 година и во следната фаза за ставање крај на окупацијата во 2017 година. 

Освен тоа Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО) одлучи да работи со Франција по прашањето на применување на меѓународните легитимни одлуки, одлуките на ОН, меѓународното право, Арапската мировна иницијатива и определување соодветен календар за преговори, негово применување и формирање меѓународен механизам за следење на овие активности.

Од друга страна израелскиот претседател Реувен Ривлин резолуцијата на Советот за безбедност на ОН што беше усвоена минатата недела за стопирање на активностите за изградба еврејски населби, ја окарактеризира како нанесен удар врз мирот и довербата помеѓу Палестина и Израел.

Според израелското државно радио, претседателот Ривлин кој по повод новогодишните прослави ги прими претставниците на христијанските секти привлече внимание и на изјавите на духовниот лидер на католичкиот свет папата Францискус дека треба да се отвори нова страница во односите помеѓу Израел и Палестина.

Ривлин ја повика меѓународната заедница да започне работа за изградба на довербата помеѓу двете страни и за изнаоѓање решение за недоразбирањето.

Израелскиот претседател Реувен Ривлин застана во одбрана на тоа дека неговата земја на сите религии им го признава правото за слободно усполнување на своите верски обреди во Ерусалим.



Слични вести